Blog

  • Дарко Данев






    Дарко Данев


    Проф. д-р Дарко Данев

    Проф. д-р Дарко Данев

    Кандидат за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (2026–2029)

    Од „набљудувач” до „создавач” – визија за силен, влијателен и модерен УКИМ

    БИОГРАФИЈА

    Проф. д-р Дарко Данев е редовен професор на Машинскиот факултет при УКИМ, со долгогодишно искуство во настава, наука и управување. Својата академска кариера ја гради од асистент до редовен професор, со активно учество во научни и апликативни проекти.

    Образование:
     • Доктор на технички науки
     • Магистер по машинство
     • Дипломиран машински инженер

    Клучни позиции:
     • Редовен професор (од 2015)
     • Декан на Машински факултет (2016–2023)
     • Продекан за меѓународна соработка, наука и развој

    ПРОГРАМА ЗА РАБОТА (2026–2029)

    🏛️ СТОЛБ 1

    ИНСТИТУЦИОНАЛНА ГОРДОСТ И ИДЕНТИТЕТ

    • Зајакнување на интегритетот и авторитетот на УКИМ
    • Дигитализација и заштита на академското наследство
    • Развој на издавачка дејност и научна продукција

    🏛️ СТОЛБ 2

    СТУДЕНТОТ ВО ЦЕНТАРОТ

    • Комплетна дигитализација (нула шалтери)
    • Партнерски однос со студентите
    • Стипендии врз база на реално знаење
    • Воведување ВИ-писменост и современи вештини

    🏛️ СТОЛБ 3

    НАУКА И ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА

    • Меѓународна видливост и соработка
    • Двојни дипломи и мобилност
    • Вклучување на дијаспората и странски експерти
    • УКИМ како активен креатор на политики

    🏛️ СТОЛБ 4

    ИНФРАСТРУКТУРА И КАМПУСИ

    • Модерни и функционални кампуси
    • Научно-технолошки парк
    • Подобрување на условите за работа и студирање

    🏛️ СТОЛБ 5

    ФИНАНСИИ И ИНОВАЦИИ

    • Нови извори на финансирање
    • Поврзување со индустријата
    • „Тројна добивка”: држава – наука – економија